fbpx

Приведен струмичанец побегнат од затвор

 Приведен струмичанец побегнат од затвор

Денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги, во рамки на оперативната акција „Жетва“, во Скопје го лишија од слобода И.М.(48) од Струмица, кој бил баран со меѓународна потерница поради бегство од затвор за доиздржување на казна затвор во траење од една година, четири месеци и 15 дена, соопштија од МВР.

Тој бил осуден поради сторено кривично дело по член 247, став 4, во врска со став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

И.М. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа за доиздржување на казната 

Share via
Copy link