fbpx

Приведени три лица од Банско, затекнати при пустошење на шума

 Приведени три лица од Банско, затекнати при пустошење на шума

Вчера во 14:00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко, соопштија денеска од МВР.

Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума.

Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица – Струмица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Фото: МВР

Share via
Copy link