fbpx

Продолжува трендот на новозаболени од ковид-19 во Струмица

 Продолжува трендот на новозаболени од ковид-19 во Струмица

Денес во Струмица се регистрирани 12 новозаболени од ковид-19 и еден оздравен. Во регионот има заболени во 5 лица во Гевгелија,две во Радовиш и едно во Валандово.

Во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 56-Куманово 16-Штип 8-Прилеп 7-Тетово 10-Струга 6-Велес 1-Битола 6-Охрид 2-Кавадарци 4-Гостивар 18-Гевгелија 5-Струмица 12-Крива Паланка 3-Радовиш 2-Кочани 17-Пробиштип 1-Македонски Брод 1-Валандово 1-Делчево 4-Свети Николе 2-Кичево 3-Ресен 1.

Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од:

-Скопје 19-Дебар 2-Штип 4-Прилеп 13-Тетово 2-Струга 4-Охрид 9-Гостивар 9-Гевгелија 5-Струмица 1-Крива Паланка 1-Радовиш 2-Кочани 2-Пробиштип 1-Македонски Брод 3-Берово 4-Делчево 1-Свети Николе 2-Кичево 1.

Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19.

Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274, бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964.

Share via
Copy link