fbpx

Дете од струмичката градинка позитивно на ковид-19

 Дете од струмичката градинка позитивно на ковид-19

Во еден од клоновите на градинката „Детска радост “ едно дете е позитивно на тестот за коронавирус.

Веста ја потврдија од раководството на градинката, а детето од понеделник не доаѓало во градинка. Вирусот го добил од член на семејството.

Според надлежните преземени се сите мерки, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се ставени во изолација.

Последните неколку денови Струмица високо рангира по бројот на заразените од коронавирус, а само вчера и завчера се регистрирани и тројца починати.

Share via
Copy link