fbpx

Полициски билтен:физички напади во Ново Село и Струмица, шеесет лица не носеле маски

 Полициски билтен:физички напади во Ново Село и Струмица, шеесет лица не носеле маски

Вчера во 15.20 часот во Полициското одделение Ново Село, Т.Б.(40) од Ново Село пријавил дека околу 14:00 часот во спортска обложувалница во Ново Село бил физички нападнат од С.П. од истото село. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 16 септември во 15:12 часот во Полициската станица Струмица, М.И.(54) од Струмица пријавил дека околу 14.30 часот на улица „Широк дол“ во Струмица бил физички нападнат од Ј.Т.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (16/17.09.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица-60 лица не ја почитувале, од кои 27 во Струмица, 15 во Гевгелија и по 9 во Валандово и Радовиш и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link