На 11.02.2024 во 11:40 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во село Шопковица, радовишко, настанал пожар во две викенд куќи и два помошни објекти, соопштија од МВР. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема. Фото: архива
Денеска во периодот од 11:00 до 16:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на подрачје на општина Струмица за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата се санкционирани 89 […]
Вчера во 20:10 часот во Полициската станица Радовиш Х.Е.(36) од село Прналија, радовишко, лекар во Итна медицинска помош во Радовиш, пријавил дека околу 19:00 часот во просториите на Здравствен дом Радовиш, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д.(53) од Радовиш, соопоштија денеска од СВР Струмица. Денеска во просториите на Полициската станица Радовиш […]
Денеска полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица на повеќе локации на подрачје на Струмица спроведуваат превентивна активност во рамки на кампањата „Има помош за живот без насилство“, која Министерството за внатрешни работи ја спроведува во соработка со Фондот за население на Обединетите нации. Целта на овие активности е […]
СВР Струмица информираше дека вчера во 12:30 часот во Полициската канцеларија Богданци, С.Ј.(80) од Богданци пријавил дека околу 12:00 часот во Богданци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и З.И. од Богданци. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Регионалниот РЦУК Струмица, известува дека сите патни правци на Струмичкиот регион(Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран) се проодни, а од 09:30 за патниот правец Струмица – Берово нема забрана за движење на тешки товарни возила. Фото: од вчерашното чистење на снегот од Зимската служба на ЈПКД „Комуналец“ Струмица
Денеска започна да се асфалтира локалниот пат што води кон населеното место Добрашинци, на потегот од крстосницата со патот кон браната Турија до центарот на село Добрашинци, соопштија денеска од Општина Василево. -Со оглед на фактичката состојба на тертенот пред започнување на активностите и техничката документација, овде се работи за целосна реконструкција која опфаќаше отстранување […]
-Дефектот на системот за водоснабдување од браната Иловица е саниран, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. -Само што започна полнењето на резервоарите и производството на водата. Додека да се наполнат базените, да се филтрира водата и да се наполни системот ќе поминат уште 7- 8 часа додека водата стигне во сите куќи, во сите населени […]
-За жал, синоќа пукна главната водоводна цева која носи вода од браната “Иловица” до филтер станицата „Иловица“. Се работи за дефект со кој се спречува дотур на вода до филтер станицата кој е во надлежност на АД Водостопанство “Струмичко Поле” Струмица, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев. Екипи од “Струмичко Поле” со помош на вработените […]
Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија- Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани , со подршка на професори од Природно математичкиот факултет, покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк. Планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија. Со површина […]