fbpx

В недела по четврти пат еко акција „Чисти ридови за сите“

 В недела по четврти пат еко акција „Чисти ридови за сите“

В недела на 31 март 2024 година ќе се реализира еко акцијата „Чисти ридови за сите “ која ја организира Велосипедскиот клуб „Актив“ во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село. 

Акцијата ќе се спроведе на следните локации:

Општина Струмица:
– групата ќе започне од РЦСОО „Никола Карев“ во 10:00 часот од каде групата ќе се упати по асфалтниот пат „Лозињата – Чамчифлик”, за на крај да се пристигне до месноста т.н. Стрелиште.

Општина Ново Село:
– еко акцијата ќе се спроведе на „Новоселска брана” со почеток во 10:00 часот.

Општина Босилово:
– еко акцијата ќе се спроведе на „Брана Иловица” и просторот околу манастирот во Хамзали, со почеток во 10:00 часот.

Општина Василево:
– еко акцијата ќе се спроведе на јавните површини во сите населени места, со почеток во 10:00 часот.

Предвидено е собраниот смет учесниците да го одложат во вреќи за отпад покрај патот на предвидените рути и локации, од каде со возила на комуналните претпријатија понатаму сметот ќе биде собран и одложен во соодветните депонии.

Организаторот на оваа еко акција Велосипедскиот клуб „Актив“ Струмица ги поканува сите љубители на природата, кои сакаат почиста околина, кои се подготвени да одвојат дел од своето слободно време да се вклучаат во оваа акција и сите заедно и организирано да и вратат нешто на нашата прекрасна природа.

Share via
Copy link