fbpx

Рекордни 241 нови случаи на ковид-19, четворица нови во Струмица и еден починат

Во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 73
– Куманово 10
– Дебар 1
– Штип 60
– Прилеп 5
– Тетово 32
– Струга 3
– Велес 1
– Битола 3
– Охрид 2
– Гостивар 14
– Гевгелија 6
– Струмица 4
– Крива Паланка 3
– Радовиш 3
– Крушево 1
– Кочани 8
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 2
– Виница 1
– Кратово 1
– Свети Николе 5
– Кичево 2

Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица.

– Скопје 40
– Битола 1
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Кичево 1
– Ресен 7

Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.

Share via
Copy link