fbpx

Тројца повредени во сообраќајка на патот Конче-Радовиш

 Тројца повредени во сообраќајка на патот Конче-Радовиш

Вчера десет минути по полноќ на регионалниот пат Конче – Радовиш, во атар на село Ракитец, во близина на крстосница „Лакавица“, патничко возило „ауди А6“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од З.С.(35) од с.Конче, Радовишко, изгубило контрола, излетало од патот и удрило во дрво.

Во незгодата, возачот З.С. и сопатниците Б.Р.(22) и И.М.(34), двајцата од село Ракитец, биле пренесени во болницата во Радовиш, каде што на З.С. му биле констатирани тешки телесни повреди., а на сопатниците телесни повреди.

Бил извршен увид на местото на настанот.

Извор: МВР-билтен

Share via
Copy link