fbpx

Се одржа јавна расправа по новиот ГУП на Струмица за 2023-2033 година

 Се одржа јавна расправа по новиот ГУП на Струмица за 2023-2033 година

Струмица се гради и развива и се соочува со нови предизвици, а со тоа е неопходна потребата од нови рамки на урбанистичкото планирање. По 21 година изготвен е Нацрт план за нов Генерален урбанистички план на град Струмица со плански период 2023-2033 година. Овој најважен урбанистички документ ќе создаде простор за планиран, урбан и квалитетен развој на градот.

Денеска се одржа Јавната расправа во полна сала во Домот на АРМ, а поднесени се и над 200 анкетни листови од граѓаните, со што се потврдува дека целиот процес е транспарентен и отворен за дискусија и предлози.

Со новиот Генерален урбанистички план е предвидено дуплирање на зелените површини од постоечките 40 на 84 хектари, нови сообраќајници, нови парцели за образовни институиции и дислокација на последниот индустриски загадувач, рудникот „Огражден“ и голем ризик фактор за здравјето. Струмичани и посетителите на Струмица повеќе нема да гледаат и дишат прашина.

-На Струмица и прилегаат храбри одлуки. Не смееме да се плашиме од зеленило и од фактот дека воздухот ни е загаден и таква храбра одлука очекувам и од мнозинството во Советот на општина Струмица, да го усвои Генералниот урбанистички план и многу брзо да стапи на сила, рече градоначалникот Костадин Костадинов.

За советничката група на ВМРО ДПМНЕ новиот ГУП не е прифатлив.

-Oвој предложен ГУП не е прифатлив за граѓаните, не е  транспарентен, не е еколошки и не ги штити подеднакво интересите на сите граѓани. Граѓаните не го подржуваат предложениот ГУП. За прв пат во Струмица, огромен број на граѓани поднесоа анкетни листови со забелешки против ГУП. Ваков предложен ГУП не ги почитува законските регулативи за негово носење- преку ненавремено формирање на партиципативно кое е битно за инклузија на заедницата во креирање на ГУП. Затоа бараме да се повлече предложениот ГУП со сите забелешки, да се преработи за да може да ги заштити подеднакво интересите на целата заедница во Струмица, стои во реакцијата на координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Маџунков.

Share via
Copy link