Се поставува енергетски ефикасно осветлување во Турското маало

 Се поставува енергетски ефикасно осветлување во Турското маало

На улиците „5 ноември“, потег од пресек со улица „Крушевска Република“ до улица „Бетовенова“ и улицата „Бетовенова“ до пресек со улица „Спиро Захов“се поставуваат нови 33 столбови со модерно и енергетски ефикасно ЛЕД осветлување.

-Висината на грантот е 8,3 илјади евра, а изведувач на проектот е фирмата „Елко –Инг“, а краен рок за изведување на активностите е до крајот на годината, информираше градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој изврши увид во поставувањето на новото улично осветлување.

Додаде дека се одобрени дополнителни 2.700 евра за реализација на брзи и интервентни активности за справување со проблемите од Ковид -19 пандемијата, каде преку склучен меморандум за соработка со ромско турското здружение „Хајат“, беа спроведени повеќе активности – редовна дезинфекција на двете населби , чистење на критични точки во двете населби, делење на маски и заштитни средства на граѓаните и информирање и едукација за заштита од Ковид 19.

Средствата за овие зафати во вкупен износ од 11 илјади евра се обезбедени во рамките на Програмата „Ромактед – Промовирање на добро управување и зајакнување на ромите на локално ниво“ и потпишаниот договор за грант меѓу Општина Струмица и Совет на Европа од декември минатата година.

Share via
Copy link