Синоќа се одигра претставата „Новогодишна магија“ во режија на Танкица Стојанова

 Синоќа се одигра претставата „Новогодишна магија“ во режија на Танкица Стојанова

Младата актерка од струмичкиот театар, Танкица Стојанова, синоќа пред струмичани премиерно ја постави претставата „Новогодишна магија“, во која глумат млади луѓе, соопштија од НУЦК „Антон Панов“.

Иако аматери, со љубов се внесоа во актерството на големата сцена во преполнетата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.Ја пренесоа приказната дали постои Дедо Мраз, на кого ќе му донесе подароци за Нова година, кој бил добар, кој бил лош во текот на целата година. Како мама, тато, баба, дедо не условуваа, ако не го изедеме јадењето, ако не учиме или ако не ја напишеме домашната задача, ако не сме послушни како деца, ќе има ли или нема подарок од Дедо Мраз. Сепак на крајот Дедо Мраз им донесе подароци на сите.

Во претставата „Новогодишна магија“ играа Мирче Ташев, Елена Николова, Лилјана Кочева, Ивана Чонева, Катја Маглешева, Лаура Андреева и Коста Ангов, а беа вклучени и деца од студиото за балет „Reverence“ од Струмица.

Продукцијата е на Здружението „Алфа Касиопеа“ од Струмица.

Премиерната изведба на претставата имаше и хуманитарен карактер. Собраните средства од продадените влезници ќе бидат донирани на една мајка со две деца на која ѝ е неопходно итно лекување за да продолжи со животот и да ги расте своите деца.

Share via
Copy link