Во Сретеново кај Дојран пронајдена граната од Првата светска војна
Скопјанка потешко повредена во сообраќајка во Гевгелија

СВР Струмица соопшти дека вчера во 21:05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул. „5 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(25) од Гевгелија и патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.Е.(34) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Б.Е., констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.