fbpx

Сменетите термини за враќање назад го завршија европскиот настап на Џио Струмица

 Сменетите термини за враќање назад го завршија европскиот настап на Џио Струмица

По синоќешниот пораз од екипата на Омонија во Никозија со 3-0, следуваше нова лоша вест за нашата експедиција.Се променија сите летови од Кипар кон Грција и другите земји во порани часови поради целосното затварање во карантин на градовите во Кипар и Грција, а со тоа и нивните аеродроми.Тоа значеше откажување на денешниот втор реванш натпревар во взаемен договор помеѓу нас, Омонија и ЦЕВ со цел безбедно пристигање на нашиот тим во Струмица, соопштија денес од македонскиот одбојкарски шампион.

-Ви благодариме на сите за несебичната подршка во ова наше европско претставување. Посебна благодарност до МНР, македонската амбасада во Атина, грчката амбасада во Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Одбојкарската федерација на Македонија и Општина Струмица без чија помош организацијата на ова патување во ваква вонредна ситуација не би се случила.

Се надеваме на подобри времиња на сите нас. Останете во добро здравје со вашите најблиски!, стои во известувањето од Џио Струмица.

Share via
Copy link