fbpx

Со мапирање на загадувачите Струмица ќе го намалува загадувањето на воздухот

 Со мапирање на загадувачите Струмица ќе го намалува загадувањето на воздухот

Како една од мерките против енормното загадување на воздухот во Струмица градоначалникот Костадин Костадинов предложи на Советот мапирање на потенцијалните загадувачи. Тој најавува формирање работно тело во кое ќе бидат застапени претставници на сите политички партии кои партиципираат во Советот.

Телото треба да се формира по завршувањето на празниците.

-Ова тело заедно со инспекциите на Општина Струмица ќе работи на терен за мапирање на потенцијалните загадувачи. Ова е сериозен предизвик  кој не може веднаш да се реши, но Струмица има добра основа да го решава проблемот. Тоа е првата системски гасифицирана општина во државата и тоа што треба ние да правиме е да ги мотивираме граѓаните што повеќе да се приклучуваат на гасоводната мрежа. Природниот гас останува најефтин енергенс за затоплување и е најеколошко гориво, рече Костадинов, кој најави субвенции за за граѓаните за секој потрошен кубен метар гас во износ од 10 денари.

Поради високата загаденост на воздухот Општината од вчера објави повеќе препораки со кои, меѓу другото, се предвидува олободување од работни обврски на повеќе категори на граѓани, реорганизирање на работното време, забрана за спортски натпревари и манифестации на отворено и други мерки. Повеќе на линкот:

https://strumica.gov.mk/%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%bc%d0%b5%d0%bd-%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%88%d1%82%d0%b0%d1%98-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b3-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5/

Во изминативе неколку денови Струмица е меѓу најзагадените градови во државата, но и пошироко, на што реагираа и од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

-Струмица останува еден од најзагадените градови во светот. Сепак во повеќе мои обраќања апелирав и денеска Општински комитет ВМРО-ДПМНЕ Струмица бара да се детектираат сериозните загадувачи на воздухот во Струмица, а потоа да се преземат мерки за да се врати природно чистиот воздух во Струмица, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Жан Дрвошанов

Share via
Copy link