fbpx

Со осветлување на општинската зграда во сино Струмица го одбележува Денот на аутизам

 Со осветлување на општинската зграда во сино Струмица го одбележува Денот на аутизам

Со осветлување на општинската зграда во сино вечерва во Струмица почна одбележувањето на на 2 април, Меѓународниот ден на децата со аутизам. Поддршка на одбележувањето дадоа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Kоординаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски.

-Во Струмица дојдов да ја поддржам иницијативата на Општина Струмица во одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на децата со аутизам и да бидам присутна на чинот на осветлување на општинската зграда во сино со што дава Општината поддршка на лицата со аутизам. Имавме средба со родителите на деца со аутизам пред коишто ги изложив политиките и социјалните услуги кои што МТСП ги рализира се со цел да ги вклучиме децата со аутизам во општествени текови, со оглед на тоа дека МТСП ја има надлежноста и во детската заштита односно инклузија  на децата од претшколско образовнаие на кое што работиме навистина интензивно.Им ги предочив сите оние активности коишто во моментов ги реализираме се со цел поголема инклузија на децата во предучилишно образование, рече министерката Тренчевска.

Kоординаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски, рече дека било кој ден кога се одбележува на било која категорија од лицата со попреченост треба да биде ден кога ќе се работи со инклузивен пристап, кој го промовира и Владата и Министерството.

Share via
Copy link