fbpx

„Сојуз на синдикат на земјоделци Струмица“ го привршува проектот „ Со подигнување на јавната свест до намалување на ранливоста на струмичкото земјоделство од климатските промени“

 „Сојуз на синдикат на земјоделци Струмица“ го привршува проектот „ Со подигнување на јавната свест до намалување на ранливоста на струмичкото земјоделство од климатските промени“

„Сојуз на синдикат на земјоделци Струмица“ го привршува проектот „Со подигнување на јавната свест до намалување на ранливоста на струмичкото земјоделство од климатските промени“,финансиски поддржан од Општина Струмица.

Во изминатитеве месеци се преземени повеќе активности, а изминатите денови продолжи конкретната реализација на проектот, преку повеќе средби и активности за едукација и подигање на свеста на земјоделските производители.

Иако изминатите години доминантни проблеми на земјоделците беа проблемот со пласманот, цената на продажба и неквалитетниот род, сепак во последните неколку години се поизразен и сериозен проблем претставуваат негативните ефекти од климатските промени и појавата на екстремни временски услови кои се карактеризираат со нагли температурни промени.

– Евидентно е дека од година во година во светски рамки се намалува земјоделското производство. И кај нас од година во година имаме се помало замјоделско производство, а со тоа се јавува недостиг на храна и зголемени цени на земјоделските и градинраските производи. Причините за ваквата состојба се повеќе, а една од најважните е промената на климатските фактори. За да се обидеме да ги намалиме последиците од влијанието на климатските фактори земјоделството ќе мора да претрпи промени во начинот на производство. Земјоделецот мора да научи да применува нови технологии во начинот на производство, бидејќи во нашиот регион со претежно растително производство (претежно градинарство), кое секоја промена на температурите и климата носи големо штетни последици и тоа како на приносите, така и на квалитетот, велат од оваа организација.

Додаваат дека климатските промени предизвикуват големи штети на земјоделското кпроизводство и влијаат на руралната егзистенција и сигурноста на храната.

Потенцираат дека за да сe спречи сето ова, потребни за навремени и сеопфатни мерки кои директно ќе ги таргетираат земјоделците кои ќе го унапредат своето производство, но и ќе го заштитат од негативните климатски промени. Токму една од мерките, која е решение за екстремните температури, е употребата на заштитни мрежи, кои исто така може да се користат и во случаи на врнење на град, како и употребата на т.н „оросници“ кои придонесуваат за зачувување на влагата во воздухот која е неопходна за успешен раст и развој на насадените култури.

-Со овој проект се влијае директно на земјоделските производители затоа што во голем број на ситуации тие не се информирани за овие мерки, ниту пак за каков негативен ефект може да имаат климатски промени. Преку работилници и обуки, промотивни материјали и пренесување на позитивни искуства ја остваруваме нашата цел, а тоа е да ја подигнеме свеста и знаењето кај земјоделците од струмичкиот регион преку преглед на потенцијалните проблеми со кои можат да се соочат во производството, а се резултат на климатските промени, како и квалитетни активности кои може да се применат во наши услови со цел да имаме едуцирани и подготвени земјоделци кои ќе се адаптираат на климатските промени и ќе имаат добро и квалитетно производство, додаваат од Сојуз на синдикат на земјоделци Струмица.

Share via
Copy link