fbpx

Совет на Општина Струмица: одлука за субвенционирање за приклучување на гасоводот, парична помош за струмичани чии домови изгореа

 Совет на Општина Струмица: одлука за субвенционирање за приклучување на гасоводот, парична помош за струмичани чии домови изгореа

Членовите на Советот на општина Струмица на денешната 39-та седница ја изгласаа предлог – одлуката за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем во 2024 година. Ова значи дека домаќинствата кои ќе се приклучат на системот ќе добијат по 46.943 денари, а субвенционирањето ќе се врши по принципот прв дојден прв услужен по објавувањето на Јавниот повик од страна на општина Струмица. Предлогот за субвенционирање на домаќинствата го даде градоначалникот Костадин Костадинов.

Советниците го изгласаа и ценовникот за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа на ЈПЕД „Струмица – ГАС“ Струмица за 2024 година.

На денешната седница беше донесена одлука за доделување на парична помош во износ од 100.000 денари на Томислав Нефтенов, Благој Калпачки, Јане Стоилов и Живко Димчев сите од Струмица, а чии домови неодамна настрадаа во пожар.

Парична помош за лекување во износ од 50.000 денари ќе добие и Миле Ѓорѓиев од Струмица.

Советниците денеска расправаа и по информацијата за неодамна оштетените полуподземни контејнери, односно внатрешните вреќи кои веднаш беа заменети и ставени во функција, како и за депонијата во Василево за која беше донесен едногласен заклучок дека е потребно да се одржи јавна расправа со учество на сите општини и релевантни чинители и со помош на државата да се реши нејзиниот статус и да се обезбедат соодветни услови за депонирање на отпадот.

Share via
Copy link