Јавниот преглед на информациите од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува крајниот рок за доставување на листите со кандидати за градоначалници и за советници. Изборната кампања за локалните избори, планирани за 19 октомври, ќе започне на 29 септември. Гласањето ќе се […]
Струмица уште еднаш го потврди својот статус на регионален музички центар, успешно организирајќи го четвртото издание на музичкиот спектакл „Get EXITed“. Големиот градски парк беше епицентарот на врвната забава, каде илјадници граѓани и посетители од целиот регион уживаа во настапите на светски и регионални музички ѕвезди. Овој настан, кој е дел од реномираното семејство на […]
Синоќа во Манастирот Свети Леонтиј во Водоча започна тридневната научна конференција на тема “Балкански монашки светови – Дијалози за монаштвото, теологија и култура”, организирана од страна на Институтот за духовно и монашко наследство на Балканот „Наследството на пустината“ и Институтот за литургија и црковна уметност при Православниот богословски факултет во Белград. Присутните гости од име […]
Општина Струмица денеска префрли 15.000.000 денари на сметката на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“, со што се обезбедува финансиска стабилност за редовно функционирање и исплата на плати на вработените. Со оваа значајна финансиска инјекција, градоначалникот упати јасна порака до синдикатот и менаџментот на претпријатието, повикувајќи ги да го следат примерот на Општината и веднаш да пристапат […]
Како што информираат од МВР, вчера (01.09.2025) во 19:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го уапсиле С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот од вулканизерска работилница во Струмица одзел мопед „сузуки“ со струмички регистарски ознаки. С.В. бил задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го […]
Здружението „Медија Флеш“, со поддршка од Општина Струмица, активно ја спроведува кампањата во рамки на проектот „Пулсирај во туристичкиот ритам: Запознај ја Струмица!“. Кампањата е насочена кон решавање на предизвикот што Струмица, и покрај своето огромно културно, историско и природно богатство, останува недоволно препознаена на туристичката мапа. Главната цел е интензивна промоција на сите уникатни […]
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, на социјалните мрежи, најави значително зголемување на платите за пожарникарите и за вработените во општинската администрација, одлука која тој ја нарече симбол на почит и вреднување на нивниот труд и пожртвуваност. Почнувајќи од септември, пожарникарите во Струмица ќе добиваат месечна плата од 80.000 денари, со што ќе станат најплатени […]
На социјалните мрежи денеска кружи снимка на којашто се гледа како возач на автомобил, најверојатно под „гас“ упорно се обидуваше да тргне со автомобилот, но секој обид завршуваше со удирање во ѕид. Оваа несекојдневна случка се случуваше напладне на булеварот „Ленинова“. По пријава на граѓани , како што може да се види и од снимката, […]
Фондација „Елеуса“ најави организација на „Концерт на добрината“ со цел да се соберат неопходните средства за лекувањето на деветгодишната Тијана Дунгевска. Малото девојче веќе речиси една година води тешка битка со сериозна болест, а трошоците за лекувањето претставуваат голем товар за нејзиното семејство. Под мотото „Секоја помош, без разлика колку е мала, значи надеж и […]
Согласно Изборниот законик и роковникот за извршување на изборните дејствија за претстојните локални избори 2025, порталот „Југоинфо.мк“ ја објавува својата Понуда за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. Порталот Југоинфо.мк е регистриран во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми на Државната изборна комисија. Ценовникот и останатите елементи од Понудата за платено […]