-Струмица и струмичани сочувствуваат со неизмерната болка и тага на семејствата на загинатите и повредените во големата трагедија во Нови Сад, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов -Во знак на длабока жалост, солидарност и поддршка, синоќа општинската зграда ја светнавме во боите на српското знаме. Ваква трагедија никогаш да не се повтори, напиша струмичкиот градоначалник.
-Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад, која остави зад себе загубени животи и длабока болка, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Во овие тешки мигови, нашите мисли се со семејствата на настраданите, кои загубија свои блиски и се соочуваат со незамислива загуба. Им изразувам најискрено сочувство и поддршка, надевајќи […]
Јавните собири со граѓаните пред донесувањето на буџетот за 2025 година коишто започнаа на 24 октомври, синоќа продолжија во населените места Рич, Попчево и Раборци. Претставниците на општинската администрација и јавните претпријатија со граѓаните од овие населени места, разговараа за актуелните состојби и на кои проекти да се даде приоритет во новата буџетска години со […]
Локалниот совет за превенција денеска ја одржа 18-та работна конференција на која на дневен ред беа актуелниот проблем со узурпацијата на јавни површини во дел од населбата Карпош и презентацијата на истражувањето на лабараторијата „Амбикон“ во рамки на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за утврдување на главните извори за загадување на воздухот во Струмица. Според […]
Општина Струмица е најуспешна општина во спроведување инклузија во рамките на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, поддржан од Детската фондација „Песталоци“, а спроведуван од Здружението за асистивна технологија “Отворете ги прозорците”-Скопје. Ова високо признание Општина Струмица го доби денеска на јавната дебата „Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование“ на којашто […]
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, вечерва беше на собири со граѓаните во Муртино, Банско и Габрово, каде со жители од овие населени места разговараше за идните проекти кои треба да ги реализира Општината. Информацијата ја објави на својот фејсбук профил. -Вечерва бев на јавни собири во Муртино, Банско и Габрово, каде што со жителите разговаравме […]
Почитувани граѓани на Струмица и населените места Дабиле,Просениково,Добрејци,Градско Балдовци,Водоча и Баница, Од денес престанува да важи забраната на водата за пиење,а тоа значи дека ВОДАТА ОФИЦИЈАЛНО Е ПИТКА!Благодарност до сите вработени од ЈПКД „Комуналец“ Струмица за несебичниот придонес во надминување на проблемот со водата за пиење.Посебна благодарност до нашите вработени кои го спроведоа Планот за […]
-Струмица официјално доби решение од АХВ дека водата од водоводот е питка. Анализи од Агенцијата за храна и ветеринарство, 3 акредитирани приватни лаборатории, Центар за јавно здравје Струмица, ги побија резултатите на Институтот за Јавно Здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани, објави попладнево градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Струмичкиот отпор и пркос даде […]
Заврши втората форумска сесија од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ во организација на Општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). На двете сесии беа презентирани повеќе мерки коишто ќе го подобрат квалитетот на воздухот, а учесниците на Форумот најголема поддршка дадоа за мерката за зазеленување. -Мерката којашто се изгласа придонесува многу […]
Здружението „Медија Флеш“ започнува со реализација на проектот „Пулсирај во туристичкиот ритам: Запознај ја Струмица!“ финансиран и поддржан од стрaна на Општина Струмица. Општина Струмица е богата со историски, културни, спортски, индустриски и природни богатства кои треба да се афирмираат и да бидат презентирани пред домашни и странски туристи. И покрај нејзиниот потенцијал како туристичко […]