-Со зборови си ги упатил народите во верата Божја,со делата си се издигнал преблажен,кон божествен и блажен живот.Со чудеса си ги просветил оние коишто пристапуваат со вера кон тебе,со знаменија си ја осветил темнината.Поради тоа го славиме твојот божествен спомен, Клименте“. Драги сограѓани, нека ни честит денешниот голем празник посветен на Свети Климент Охридски – […]
Контејнерите за примарна селекција на отпад, што беа поставени низ градот од ЈПКД „Комуналец“ со цел да помогнат на домаќинствата во примарната селекција на отпад која според законот се должни да ја прават, за жал ја немаат својата функција бидејки во нив се фрла секаков вид на отпад, а некои од нив по само месец […]
-Заедно со преку 140 градоначалници, гувернери, претставници на национални влади и граѓански организации од 90+ градови и 40+ земји се приклучивме на инспиративна размена на идеи во рамки петтиот Глобален Самит на Силни Градови во организација на Мрежата на Силни Градови. Сесиите кои се одржаа претставуваат основа за решавање на некои од предизвиците на денешното […]
Општина Струмица, во соработка со ЈПЕД „Струмица – ГАС“, објавува Јавен повик за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем. Со оваа иницијатива, се овозможува субвенционирање на трошоците за „Стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем“, со вредност од 46.943,00 денари по домаќинство, во нето износ. Субвенцијата ќе се доделува согласно принципот „прв дојден, […]
Од 3 до 5 декември, градоначалникот Костадин Костадинов ќе им се придружи на градоначалниците, локалните лидери и меѓународните партнери на петтиот Глобален Самит на Силни градови, во Кејптаун, Африка. Овој важен настан, организиран од Мрежата на силни градови и градот Кејптаун, а спонзориран од Министерството за надворешни работи на Данска, Европската Унија и Стејт департментот […]
Во акцијата за чистење на дивите депонии која започна пред два дена се исчистени дивите депонии во Муртино и Банско. Со механизација и камиони само од депонијата во Муртино е подигнато 320 кубни метри отпад кој е депониран во депонијата „Шапкар“. -Во текот на наредната недела продолжуваме со чистење и на другите диви депонии низ […]
Денеска ЈПКД „Комуналец“ изврши редовно чистење на таложникот на зафатот на вода од река Водочница од кој се снабдува филтер станицата за вода на населеното место Банско. -По неговото чистење извршено е и негово хиперхлорирање како и хипехлорирање на целиот цевковод кој ја носи водата до филтер станицата која го снабдува nаселеното место Банско и […]
-Го имав задоволството и честа да присуствувам на настанот: „Да ги направиме социјалните услуги достапни во заедницата – Отворање на Подрачното одделение на центарот за поддршка на згрижувачки семејства, Струмица“ во организација на СОС Детско Село – Скопје. За ова подрачно одделение, Општина Струмица обезбеди простории во Повеќенаменскиот социјален центар.Во знак на благодарност за добрата […]
Денеска во 09:31 часот на улица „Спиро Захов“, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 10 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запален спрат и покрив од семејна куќа, информираа струмичките пожарникари. Пожарот е навремено локализиран и ликвидиран при што е спречено истиот да се прошири и направи поголема материјална штета. Фото: ТППЕ Струмица
Според законот за управување со отпад ЈПКД „ Комуналец „ како фирма која управува со собирањето на отпад е должна на граѓаните да им овозможи канти во кои согласно истиот закон се должни да вршат примарна селекција на отпад. Под примарна селекција на отпад се подразбира дека секое домаќинство мора одделно во различни канти да […]