Струмичанец пронајден мртов во својот дом, најверојатно се загушил од пожар

 Струмичанец пронајден мртов во својот дом, најверојатно се загушил од пожар

Струмичанец на околу шеесетгодишна возраст денеска во 12:35 часот е пронајден мртов на улицата „Широк дол“, во просторија од куќа.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, со едно против пожарно возило и 4 пожарникари-спасители интервенирале на гасење на запалена просторија од куќа.

-За жал, при интервенцијата внатре во просторијата, е пронајдено мртво лице чие тело беше зафатено од пламенот. Увид на лице место вршат надлежните органи. Причините за настанувањето на пожарот се уште не се утврдени, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Настанот го потврдија и од СВР Струмица од каде информираа дека денеска во 12:35 часот на улица „Широк дол“ во Струмица е пријавено дека има починатото лице и дека увидот се уште трае, а повеќе информации од полицијата се најавуваат за утре.

Увид на местото на настанот извршил и јавен обвинител од ОЈО Струмица, а смртта ја констатирал лекар.

Фото: Југоинфо

Share via
Copy link