fbpx

Струмичанец со „ауди“ удрил во полицаец и побегнал

На 30.10.2022 година во 10:20 часот, полициски службеници од Полициската станица Струмица  го лишиле од слобода И.Ј. (40) од Струмица затоа што околу 02.20 часот на улица „Димитар Цветинов“ во Струмица со патничко моторно возило „ауди“ удрил полициски службеник кој извршувал службени задачи, по што го напуштил местото, соопштија денеска од СВР Струмица.

Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link