„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмичанец затекнат при извршување кражба во Охрид
МВР информираше дека вчера околу 14:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.М.(51) од Струмица. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект во Охрид, при што одзел повеќе предмети.
Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.