Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Фото: Силниот ветер урна покрив во Василево, откорнати дрвја и искинати електрични кабли
Ветрот, кој во струмичко дува со брзина од над 80 километри на час, досега урна лимена покривна конструкција во Василево и оштетен е дрвен столб за пренос на струја, а на неколку улици во Струмица се откорнати дрвја и се искинати електрични кабли.
Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарникарите досега интервнирале четири пати и се отстранети последиците од паднатите дрвја во градот и населените места.
Од Регионалниот центар на ЦУК-Струмица информираа дека во селото Костурино има искинати кабли за пренос на електрична енергија.
Според прогнозите на метереолозите силниот ветар се очекува да ја намали брзината во попладневните и вечерните часови.