fbpx

Полициски билтен:петмина струмичани вршеле јавен превоз на диво, во сообраќајка потешко повреден жител на Јаргулица

 Полициски билтен:петмина струмичани вршеле јавен превоз на диво, во сообраќајка потешко повреден жител на Јаргулица

Во периодот од 23:15 часот на 17.11 до 04:00 часот на 18.11.2023 година на магистрален пат Радовиш – Штип и на локален пат за село Тополница, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш извршиле контрола на три патнички возило „фиат“, едно патничко возило „мерцедес“ и едно патничко возило „фолксваген“, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од жители на Струмица и струмичко.

При контролата било констатирано дека лицата со возилата вршат јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 17.11.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш-село Ораовица, на место викано „Рудина“, И.Ѓ.(66) од село Јаргулица, радовишко, управувајќи патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда од мост.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Share via
Copy link