fbpx

Струмица домаќин на отворањето на Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка

 Струмица домаќин на отворањето на Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка

-Јас и општина Струмица денеска ја имавме честа да бидеме домаќини на состанокот на Заедничкиот Комитет за следење на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2021 – 2027 година.Со посебна гордост пред Министерот за локална самуправа, Ристо Пенов, Програмската менаџерка за прекугранична соработка во Европската Комисија, Габи Хагмулер, како и замениците министри за локална самоуправа од Бугарија и од Северна Македонија, Десислава Георгиева и Зоран Димитровски и останатите учесници го презентирав позитивното искуство на Струмица кое ја направи лидер меѓу општините во државата по реализирани проекти во рамките на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, објави градиначалникот Костадинов.

-Ова значи дека имаме силен човечки потенцијал кој знае успешно да аплицира и да реализира проекти со средства од ЕУ фондовите.Во овој нов трет програмски период, на располагање се над 30 милиони евра со фокус на проекти за интегриран развој, за развој на мали и средни претпријатија, како и изработка на туристички производи, но и за зелен регион и за управување со води. Одлична можност која на најдобар начин ќе ја искористиме и ние како Општина, но и бизнис секторот и други институции и здруженија, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link