Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Струмица ќе го реализира проектот „Мрежа на велосипедски градови“
Нека ни е честит уште еден проект „Мрежа на велосипедски градови“.Овој прекуграничен проект помеѓу општина Струмица и општина Серес од Грција денеска доби зелено светло од Советот на општина Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Со него добиваме Вело Зона Градски парк Струмица – изградба на велосипедска адреналинска патека („Pump track“ патека) Вело Полигон за деца – Градски парк Струмица, Уредување на планински велосипедски патеки на месноста Чам Чифлик, поставување на Станици за поправка на велосипеди во Градски парк, подготовка на мастер-план за идни проекти на општина Струмица од областа на велосипедизмот, велосипедската инфраструктура и безбедноста во сообраќајот, напиша Костадинов.