fbpx

Тројца повредени во сообраќајка меѓу мотор и „цитроен берлинго“

 Тројца повредени во сообраќајка меѓу мотор и „цитроен берлинго“

Вчера во 13:45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од улици„Мајка Тереза“ и „Коло Орцев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „цитроен берлинго“, управувано од Д.Д.(41) од Струмица и мотоцикл „џилера“, управуван од малолетник од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и малолетен сопатник на мотоциклот, додека Д.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link