„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица опен фестивал-недела на музички концерти
Вечер со концертот на Летната школа за гитара започнува неделата на музички концерти во рамки на програмата Струмица Опен Фестивал 2022.
-Оваа година со огромно задоволство најавуваме дека концертот ќе биде во соработка со НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ од Крушево кои ќе придонесат за уште по магична вечер за комплетно уживање во големите хитови на нашиот Тоше Проески. Подготовките за настанот траат неколку месеци почнувајки од најмалите гитаристи па се до бендот кој е носител на завршниот концерт. Бендот е составен од:- Таки Дробаров (Гитара)- Марјан Стоилов (Тапани)- Бојан Мицев (бас гитара)- Игор Стефановски (клавијатури)Вокални солистки на концертот ќе бидат:- Славица Ангелова- Ана Цамбулева- Анела Николова- Теодора Сретеновиќ- Тамара Томова- Весна Спасова, соопштија организаторите.
Утре на програмата се најдобрите македонски хитови од „Макфест“ и Битолски камерен оркестар, а в среда вечерта ја започнуваат незаменливите YU FOR YOU , а забавата ќе продолжи со Игор Џамбазов и Гуру Харе.
В четврток ќе се одржи целовечерен концерт “Ај да беше стрела песната” во чест на музичката легенда Гоце Арнаудов. Во пресрет на неговиот роденден – 18ти август, 15 негови колеги, пејачи и инструменталисти, ќе му оддадат почит и ќе настапат со по неколку негови песни.Учесници: -Борис Димов-Живко Динев-Томе Лазаров-Милован Секуловски-Јордан Митев-Оркестарот на Благоја Маротов”Кога човекот е жив му заблагодаруваме, кога не е меѓу нас, го славиме неговото дело. Една од нај впечатливите фигури на македонската естрада. Неговата големина и оригиналност, Гоце Арнаудов. Човекот кој “измисли” нов правец во македонската новокомпомирана народна музика.”
Неделата на музички концерти се заокружува со веќе докажаните македонски вокали Коста Хаџикојчев бенд и Влатко Лозаноски.