fbpx

Струмица со 21 новозаразени и исто толку оздравени од Ковид-19

 Струмица со 21 новозаразени и исто толку оздравени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1056 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 590 -Битола 57 -Прилеп 42 -Велес 36 -Кавадарци 35 -Куманово 34 -Охрид 30 -Тетово 28 –Струмица 21 -Гостивар 19-Неготино 18 -Струга и Кичево по 16 -Штип, Кочани, Гевгелија и Берово по 13 -Делчево 9 -Свети Николе 8 -Радовиш и Пробиштип по 7 -Кратово 6 -Крива Паланка и Ресен по 5 -Валандово и Демир Капија по 4 -Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица по 2 -Пехчево 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид. Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети.

Регистрирани се 727 оздравени пациенти од:

-Скопје 457 -Прилеп 58 -Куманово 27 -Гевгелија 26 -Гостивар 22 -Тетово и Струмица по 21 -Велес 17 -Штип 13 -Битола и Кочани по 12 -Крива Паланка 8 -Кичево, Ресен и Богданци по 5-Валандово 4 -Пробиштип 3-Радовиш, Крушево и Пехчево по 2-Свети Николе, Неготино, Делчево, Виница и Демир Хисар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.

Share via
Copy link