„Комуналец“ почна со чистење на дивите депонии во населените места
СВР Струмица со активности во кампањата „Не користи петарди и пиротехнички средства“
Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица преку реализирање на повеќе активности ја спроведе кампањата „Не користи петарди и пиротехнички средства“, промовирана од страна на Министерството за внатрешни работи.
Од страна на полициски службеници се спроведени едукативни предавања со ученици од осмо и деветто одделение во сите основни училишта на подрачјата на општините Струмица, Василево, Ново Село и Босилово, сѐ со цел подигање на свеста кај младата популација за можната опасност и последиците од употребата на петарди и други пиротехнички средства, која е посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
Покрај ова, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, односно во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово се поделени 700 флаери со пораки за превенирање на ризиците од користење на пиротехнички средства, а воедно се наведени и казнените одредби за употреба на петарди и други пиротехнички средства.
Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сите граѓани, а пред сѐ до младата популација да не употребуваат петарди и пиротехнички средства, да го заштитат својот живот и животот на останатите, а доколку се констатираат такви случаи истите ќе бидат соодветно санкционирани.