Tags : Црвен крст Струмица
Општинската организација на Црвен крст Струмица со доделување сертификати на 14 негуватели на стари и лица со попреченост денеска ги промовираше давателите на оваа социјална услуга во општините Василево и Ново Село, кои ќе се грижат за вкупно 28 лица. -Проектот за подобрување на социјалните услуги е финансиран од Министерството за труд и социјална политика […]
Општинската организација на Црвен крст Струмица додели сертификатите на 14 лица кои го следеа вториот циклус обуки за негуватели на стари лица и лица со попреченост, финансирани од Австриска развојна агенција, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст. Сите 14 учесници од општините Радовиш, Валандово и Гевгелија се оспособени да ја даваат услугата помош и […]
Осумнаесет волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица, предводени од секретарот Маријана Тошева, од денес активно се вклучени во спроведувањето на масовната вакцинација во Регионалниот пункт во спортската сала на ООУ „Никола Вапцаров“. Тие се задолжени за прифат на граѓаните и нивно упатување кон пунктовите за вакцинација. Од денес струмичкиот Црвен крст им стои […]
Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска активно учествуваше во големата еколошка акција „Чисти ридови за сите“, која се органиираше на иницијатива на повеќе граѓански организации од областа на спортот и заштитата на животната средина, а е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во државата и Општина Струмица. Младите волонтери, односно […]
Општинската организација на Црвен крст Струмица подели 400 пакети со хуманитарна помош на 200 семејства во струмичкиот регион. Помошта се состои од по еден пакет храна и хигиенски производи, а се подели во изминатите денови. Хуманитарната помош е обезбедена со донација од Меѓународната федерација на Црвен крст.
Денес од 11 часот на пултот, што беше поставен пред Маркетот „Здравец“ во Струмица, екипа на Општинската организација на Црвен крст Струмица се вклучи во неделата на борба против срцевосадовите заболувања. На граѓаните кои сакаа да го проверат своето здравје волонтерите на Црвен крст ќе им ја мереа сатурацијата во крвта со претходна дезинфекција и […]
Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа завршниот испит од првиот циклус на обуки финансирани од Австриска агенција за развој, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст. Вкупно се обучени 15 лица на територијата на општина Струмица кои ќе можат да ја даваат услугата помош и нега во домот на […]
Во периодот од 12-14 февруари во Струга се организираше обука за зајакнување на капацитетите на волонтерите на Црвениот крст, за спроведување на активности поврзани за користење на алатката за финансиска поддршка на ранливото население преку готовински трансфер. На обуката, на која присуствуваа претставници од 17 општински организации на Црвен крст, учествуваше и волонтерот од Општинската […]
Централната Канцеларија на ЦКРСМ во рамките на проектот за ублажување и надминување на последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, поддржан од Business & Strategies Europe, ќе организира и спроведе обуки по Прва Психолошка помош и Психо-социјална помош и поддршка, како и Прва Психолошка помош и Психо-социјална помош и поддршка за телефонски линии. Обуките ќе бидат организирани […]
Вечерва Собранието на Општинската организација на Црвен крст Струмица одржа редовно годишно собрание, 24 по ред. Откако беше констатирано дека Собранието може да работи и полнопоправно да одлучува, претседателот д-р Васил Тунев истото го отвори и се работеше по предложениот дневен ред. Делегатите ја донесоа програмата за работа во 2021 година и финансискиот план за […]