Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, во недела – 19 март, од 09:00 часот, ќе започне со делење втора канта на домаќинствата, за селекција на отпад (пластика и лименки), соопштија од струмичкото комунално претпријатие. На почетокот ќе бидат опфатени: населбата Карпош и сите улици во потегот од […]
Tags : комуналец
-Генералка после карневалот на градскиот плоштад.Вредните работници од Kомуналец ќе го светнат плоштадот за да им биде чисто на дечињата кои ќе учествуваат на детскиот карневал, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
ЈПКД „Комуналец„ започна со уредување на паркот Центар. Во проектот е вклучено целосно реновирање на паркот, постојните цвеќни жарданерии се обложуват со гитер тули и травентински окапници. Целиот простор ќе биде поплочен со плочки од травентин, фонтаната за вода ке биде заменета и ке биде поставено ново економично лед осветлување. Овој простор ке добие и […]
Во пресрет на верскиот празник Митровденска задушница ЈПКД „Комуналец“ изврши генерално чистење на просторот околу и во Градските гробишта. -Се известуват сите посетители кои ќе ги посетат Градските гробишта со своите автомобили дека ке има еднонасочен влез на движење , поточно влезот на автомобили ќе биде на предниот влез на гробиштата откај Струмица, а излезот […]
ЈПКД „Комуналец“ го искористи денешниот убав топол неделен ден успешно да ја заврши акцијата за собирање на секаков вид отпад низ улиците на Струмица. Во акцијата учествуваа 4 трактори еден кипер камион како и две машини со кои се собираа куповите отпад како и целокупната расположива работна сила. Улиците низ градот останаа без 144 кубни […]
Со цел да одговори на потребите на граѓаните за почисти улици низ градот ЈПКД „Комуналец“ започнува со акција за генерално собирање на отпадот низ улиците на Струмица. Акцијата започнува в недела на 9 октомври и ке бидат подигнати сите мапирани поголеми купови со смет кои се наоѓаат по улиците на градот. -Освен тоа апелираме до […]
ЈПКД „Комуналец„ Струмица започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „Младинска“. Со проектот е планирано поставување на 200 метри нова атмосферска канализациска мрежа со широчина на цевки ф 600 мм, од која водата ќе истекува во каналот на улица „Крушевска Република“ со што на делот […]
ЈПКД „Комуналец“ со подршка на Советот на Општина Струмица набави две нови автоматизирани машини за чистење на улиците по најсовремени европски стандарди коишто ќе овозможат побрзо и поквалитетно чистење на улиците. За што поконкретно станува збор од изјавата на Директорот на ЈПКД „Комуналец„ Струмица, Зоран Горгиев. https://fb.watch/fE7_sb2Hnc/
Општина Струмица набави ново специјализирано возило за собирање смет кое денеска градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде на ЈПКД „Комуналец“. -Заедно се радувавме на подновениот возен парк кој ќе придонесе и за поголема чистота.Вредноста на возилото е 6.500.000 денари, а набавено е преку Министерството за локална самоуправа, напиша градоначалникот Костадинов на фејсбук.
-Заради зголемувањето на потрошувачката на вода денес од 15:00 часот до утре до 08:00 часот без вода ке останат селата Дабиље, Добрејци, Градско Балдовци и Просениково, објавија од ЈПКД „Комуналец“. -Оваа се прави со цел за стабилизирање на водоснабдувањето и непрекинато водоснабдување во цела Општина за време на викендот и престојниот празник. Апелираме до сите […]