Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше на изложбата на фотографии и песни од Тодор Проески – Тоше „Животното дело на Тодор Проески низ хронологија на неговите музички настапи“ поставена во галеријата на Завод и Музеј – Струмица. Оваа изложба е во заедничка соработка и организација меѓу НУ Завод и Музеј – Струмица и НУ Спомен куќа […]
Tags : Костадинов
Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата Општина, како модерна и европска Струмица, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја започна денешната прес конференција, еден месец по извршувањето на градоначалничката функција. Пред новинарите зборуваше за реализацијата на активностите во првиот месец од неговиот мандат.
-Сакам и ќе направам се, Струмица да биде Центар на младите и општина во која тие ќе гледаат потенцијал и светла иднина, рече вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на вечерашната средба со млади, на која присуствуваше и активно учествуваше и советникот за млади и младински политики на премиерот, Ѓорги Тасев. -Младинскиот културен центар и […]
-При крај сме со одржувањето на Јавните собири со граѓаните, во време кога го планираме буџетот на општина Струмица за 2022 година, објави вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Вечерва со мојот тим бевме во населеното место Градско Балдовци. Убава прилика да се видиме и поразговараме за нивното секојдневие и проблемите со коишто се соочуваат.Заедно […]
Со голема љубов и и неизмерна почит, на сите деца им го честитам Светскиот ден на детето. Децата се нашиот живот, нашето најголемо богатство, нашата радост, гордост, нашата иднина. За мене, како човек и како Градоначалник, и за Oпштина Струмица, тие се на врвот од нашите приоритети во обезбедувањето квалитетни услови за правилен раст и […]
Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, оствари средба со заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстајн. Костадинов и Голдстајн разговараа на повеќе актуелни теми, а во центарот на разговорите беа новите предизвици на општина Струмица во следните четири години.
Во големата сала на домот на АРМ, вечерва, се одржа првата сесија на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2021/2022 година. На сесијата, граѓаните беа запознати со процесот на буџетирање и структурата на буџетот на Општината, како и со планираните приоритети за развој за 2022 година. Целта на Форумите во заедницата […]
Градоначалникот Костадин Костадинов и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, денеска ги поздравија учесниците во проектот „Растеме здрави деца“, а во рамките на кој се реализираа активности во Основното општинско училиште „Никола Вапцаров“. Проектот е финансиски поддржан од општина Струмица преку Г1 Програмата, а го реализираат здруженијата „Видливост“ и „Добрососедство“ од Струмица. Притоа […]
Вечер ќе се одржи Првата форумска сесија во 18:00 часот во ДОМ на АРМ (Голема Сала) . Првата буџетска форумска сесија е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2021/2022 година. Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација […]
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска одржа работна средба со директорите на општинските основни и средни училишта. На директорите им беше пренесена пораката дека само со добрата организација и поставеност на сите структури во училиштата, може да се обезбедат максимално искористување на ученичките потенцијали, професионален развој на вработените, квалитет во наставата, добра училишна клима […]