Општина Струмица денеска ги исплати субвенциите за потрошен природен гас за првите три месеци од оваа година. Вкупно 439.298 денари ќе добијат 168 корисници колку што имаат комплетни податоци. Субвенционирањето на цената за физички лица е во износ од 10,00 денари од кубен метар потрошен прирoден гас.
Tags : општина струмица
1. Опис на јавниот повик 1.1. Општина Струмица, со цел да ги стимулира жителите на Градот и населените места за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Северна Македонија од 21.03.2023 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик или не подоцна од 28.04.2023 година, ќе им надомести […]
Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, во недела – 19 март, од 09:00 часот, ќе започне со делење втора канта на домаќинствата, за селекција на отпад (пластика и лименки), соопштија од струмичкото комунално претпријатие. На почетокот ќе бидат опфатени: населбата Карпош и сите улици во потегот од […]
-Со сите членови на Советот на денешната седница ја потврдивме хуманоста и солидарноста на Општина Струмица.За настраданите луѓе во катастрофалниот земјотрес кој што ги погоди Турција и Сирија од општинскиот буџет одвоиме помош од 800.000 денари, по 400.000 денари за најпогодените подрачја во двете држави, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -На денешната седница беше […]
Набавка на еко електрични автобуси и поставување на модерни смарт постојки, поставување на фотоволтаици на сите основни и средни училишта и соларен катастар, ова се трите приоритетни проектни иницијативи за буџетската 2023 години. Тие добија најмногу бодови од вкупно предложените 9 проектни иницијативи од страна на граѓаните од урбаните и месните заедници, претставниците на невладиниот […]
Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 5/06) и член 28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на Општина Струмица” бр. 19/07, 23/09, 25/09 и 18/22), Комисијата за општествени дејности при Советот […]
Децата од Општина Струмица добија нова модерна детска градинка, најголема во оваа општина, која е подготвена да згрижи 307 дечиња од предучилишна возраст, објави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. -Заедно со премиерот Димитар Ковачевски и градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, а во присуство на деца, родители, вработени во градинките, општината, и […]
-Носиме многу важен документ за младите во Струмица во партнерство со Центарот за истражување и анализи „НОВУС“.Денеска ја одржавме првата работилница за изработка на Локалната Стратегија за млади на општина Струмица 2023-2027 година на која се разговараше за моменталната состојба на младите и се дефинираа визијата и мисијата за млади во Општината, објави градоначалникот на […]
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска оствари средба со Ерик Мејер, Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и советникот во Амбасадата, Митко Бурчевски, соопштија од Општината. -На средбата разговараа на актуелни теми и новите предизвици со кои се соочува општина Струмица, при што градоначалникот Костадинов, потврди дека и во време на […]
Општина Струмица набави ново специјализирано возило за собирање смет кое денеска градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде на ЈПКД „Комуналец“. -Заедно се радувавме на подновениот возен парк кој ќе придонесе и за поголема чистота.Вредноста на возилото е 6.500.000 денари, а набавено е преку Министерството за локална самоуправа, напиша градоначалникот Костадинов на фејсбук.