fbpx

Трибина на СДСМ Струмица „Не чекај превенирај!Заедничка борба за женско и машко здравје“

 Трибина на СДСМ Струмица „Не чекај превенирај!Заедничка борба за женско и машко здравје“

Вечерва во големата сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица Општинската организација на СДСМ организираше трибина насловена како „Не чекај превенирај!Заедничка борба за женско и машко здравје“.

На трибината говореа д-р Маја Манолева, заменик министер за здравство, д-р Венко Филипче, поранешен министер за здравство, д-р Сашо Дохчев, директор на Клиниката за урологија, д-р Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство и д-р Катерина Кузмановска, директорка ЈЗУ Општа болница Струмица.

Говорниците и присутните ги поздравија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на струмичкиот СДСМ, Борче Цветков.

На трибината присуствуваше и поранешниот премиер Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Јаванка Тренчевска, генералниот секретар на македонското собрание, Цветанка Иванова, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, пратеничката Љубица Спасова, членови на Советот на општината и граѓани.

Share via
Copy link