fbpx

Твојата хуманост нека биде дел од нечија среќа-хуманитарна акција во Богданци

 Твојата хуманост нека биде дел од нечија среќа-хуманитарна акција во Богданци

Под мотото „Твојата хуманост нека биде дел од нечија среќа!“ Општина Богданци, Младински клуб на Црвен крст при СОУ ” Богданци” Богданци и Младински клуб при Црвен крст- Гевгелија организираат хуманитарна акција.

-Хуманитарната порака која ќе дојде до Вас преку младите активисти Ви дава можност да ја покажете Вашата хуманост.Собраните средства ќе бидат наменети за прехрамбени продукти кои ќе збогатат нечија празнична трпеза, стои во објвата на Општина Богданци.

Граѓаните може да донираат и прехрамбени продукти во просториите на Општина Богданци.

Share via
Copy link