fbpx

Уапсен жител од село Баница, кај него при претрес пронајдени предмети од тешки кражби

 Уапсен жител од село Баница, кај него при претрес пронајдени предмети од тешки кражби

На 04.01.2023 во 13.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Р.М.(20) од село Баница, струмичко, информираа денеска од СВР Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени на подрачјето на СВР Струмица.

Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link