„Комуналец“ почна со чистење на дивите депонии во населените места
Уапсени четири лица, при претреси кај нив пронајдена дрога
На 09.02 и 10.02.2023 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.З. (32) од село Муртино, струмичко, В.К. (37) од Струмица, М.К. (20) од Радовиш и К.М. (25) од село Пирава, валандовско, соопштија денеска од СВР Стру
При претреси, по претходно издадени судски наредби, во нивни домови со помошни простории, еден деловен објект и едно возило биле пронајдени и одземени марихуана, хероин, 28 семки од канабис, три опаковки со прашкаста материја.
Сите лица се задржани во полициските станици во Струмица, Радовиш и Валандово, а по извршени вештачења против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до Основните јавни обвинителства.
Фото: архива