fbpx

Ученици од Струмица и Бугарија твореа на тема „Нацртај среќа“

 Ученици од Струмица и Бугарија твореа на тема „Нацртај среќа“

,, Нацртај среќа“, беше насловен меѓународниот ликовен конкурс на струмичкото ООУ,, Сандо Масев,, и бугарското, „Иван Вазов“ од Бугарија инициран од директорите на училиштата Драгица Спасова и Виктор Глигоров.

Учениците од двете училишта ја отслика среќата на хартија, опишувајќи на автентичен начин користејќи ја детската имагинација.

Делата на наградените ученици од 1 до 4 одделение Даниел Јакобчак – 1 место, Татјана Жекова – 1 место, Никол Борисова – 2 место, Никола Петков – 2 место, Даниел Атанасов – 3 место, Рената Сандуленко – 3 место, се истакнати во фоајето а училиштето,, Сандо Масев“.

Делата и на наградените ученици од 5- то до 9-то одделение Фатме Мустафа – 1 место, Фанка Тодорова- 1 место, Кирил Стојанов – 2 место, Марјан Мехмедов – 3 место, го красат фоајето на ООУ,, Сандо Масев,, Струмица.

Директорите Спасова и Глигоров нема да застанат само со овој проект кој ги поврзува индиректно учениците. Соработката ќе продолжи и во иднина.

Share via
Copy link