Уништен контејнер за рециклирање електронски отпад
-Само неколку недели по поставување на специјалните контејнери за рециклирање на електронски отпад некои наши „совесни“ граѓани веке успејаа да уништат еден, објавија денеска од ЈПКД „Комуналец“.
-Со ваквото однесување урбаната опрема станува губре дава лоша слика за градот и ги уништува сите напори на оние организации, групи граѓани и поединци кои работат работат и се грижат за почиста животна средина. Апелираме до надлежните институци час поскоро да се справат со поединците кои фрлат ѓубре и ја уништуват урбаната опрема за да можеме конечно да ги видиме придобивките од она што го работиме, стои во објавата на струмичкото комунално претпријатие.