fbpx

Утре и задутре ќе се прска против комарци во Југоистокот

 Утре и задутре ќе се прска против комарци во Југоистокот

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 11 и 12 Јуни 2024 година, во периодот од 20.00 часот до полноќ ќе се врши теристична дезинсекција против возрасни комарци и тоа во следниве општини:

  • 11 Јуни (Вторник) во општините Валандово, Дојран, Радовиш, Конче,
  • 12 Јуни (Среда) во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Share via
Copy link