fbpx

Утре почнува 12.„Струмица опен фестивал“

 Утре почнува 12.„Струмица опен фестивал“

-Со радост ја споделувам убавата вест дека нашиов град ја продолжува убавата приказна наречена „Струмица опен фестивал“. На денешниот состанок со координаторите на настаните потврдивме дека се е подготвено за утрешниот почеток на овогодинешното 12-то издание на овој традиционален фестивал наменет за граѓаните од сите генерации со различни вкусови, а кои до 13-ти август ќе имаат можност да уживаат во 23 фестивалски содржини кои ќе се одржат на повеќе локации во Струмица, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

– „Струмица опен фестивал“ ги задржува традиционалните настани кои се одржуваат секоја година, но ќе бидат надополнети и со нови и креативни содржини.Во периодот од 10 до 13 август се планирани музички концерти кои имаат за цел негување и популаризација на македонската музика, напиша струмичкиот градоначлалник.

Share via
Copy link