„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Ванчо Стојанов генерален, Јован Симиќ спортски директор на Брера Струмица
Во функција на посилна организациона структура, ФК „Брера Струмица“ во новата првенствена сезона влегува со промени на раководните лица. Досегашниот генерален директор на клубот Јован Симиќ во иднина ќе ја извршува позицијата спортски директор додека нов генерален директор ќе биде Ванчо Стојанов. Стојанов во клубот дојде зимава на стартот од пролетниот дел на првенството. Има работено со ФК Хоризонт Турново и ФК Беласица од Струмица.
Тој во својата прва изјава нагласи дека приориетите остануваат исти како и досега, раст и развој на клубот на теренот и надвор од него.
-Благодарам на довербата која ми е дадена од фудбалската легенда, претседателот на нашиот клуб Горан Пандев како и од директорот на БРЕРА Холдинг Пјерлуиџи Галопи. Целите остануваат исти – раст и развој на клубот и градење и одржување силни односи со спонзорите, навивачите, заедницата. Секако приоритет ќе биде обезбедување одржливост на клубот, поголема промоција дома и во странство , регрутирање и задржување на играчи, тренери, обезбедување услови за развој на младите и негување на локални таленти, промоција на тимската работа како и соработка со останати клубови и школи. Верувам дека сите заедно може да го поттикнеме напредокот и успехот на фудбалскиот клуб АП БРЕРА во Струмица и да придонесеме за неговиот севкупен раст и просперитет во иднина, рече Ванчо Стојанов новиот генерален директор на ФК АП Брера Струмица, стои во пренесената изјава од Брера Струмица.