fbpx

Видео и фото:Во големиот пожар во Ново Село изгореа три плевни и две куќи

 Видео и фото:Во големиот пожар во Ново Село изгореа три плевни и две куќи

Во големиот пожар кој попладнево околу 16 часот избувна на влезот во Ново Село, на левата страна од патот од Струмица,изгореа три плевни и две куќи.

Пожарот е изгаснат околу 19 часот, откако во неговото гаснење учествуваа 200 пожарникари , шест против пожарни возила и еден хеликоптер.

На местото на пожарот е директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој во разговоро со граѓаните чии објекти изгореа во пожарот разговараше за можните причини за избувнување на пожарот.

Фото: ЦУК

Share via
Copy link