„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Внук одбранил од силување жителка на Струмица
На 14.11.2020 во 01:40 часот на подрачје на Ново Село од полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода А.К.(28) од село Борисово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело силување казниво по чл.186,став 5 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од СВР Струмица.
На 13.11.2020 околу 23:30 часот 67 годишна жителка на Струмица пријавила додека била во својот дом дошол А.К. и истиот се обидел да изврши полови дејствија врз пријавителката, која телефонски го повикала нејзиниот внук Б.Д. од село Мокрино кој заедно со Ѓ.Н. физички го нападнале со тврд предмет А.К.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.