fbpx

Во Добрејци ќе се гради канализациски систем за атмосферските води

На денешната седница на Советот на општина Струмица која се одржа со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, беа усвоени повеќе предлог одлуки и планови од надлежност на локалната власт.

Донесени се Одлуките за донесување на измена и дополна на ДУП за дел од блок 36, УЕ 5 во град Струмица (Општина Струмица – плански период 2019-2029) и утврдување на приоритетен проект за изработка на проектна документација за изработка на атмосферски канализационен систем за населено место Добрејци.

Советниците ги усвоија и годишните планови за вработување во основните и средните општински училишта, а зелено светло добија и годишните извештаи за работата на ЈПКД „Комуналец“ за 2019 година и извештајот за работата во првите три месеци од оваа година, на Центарот за развој на југоисточниот плански регион за 2019 година и извештаите за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ и ЈП „Паркиралишта Струмица“ за првите шест месеци од 2020 година, а усвоени се и одлуки од областа на урбанизмот во катастарските општини Вељуса, Банско и Добрејци.

Share via
Copy link