fbpx

Во младинската Лига на шампионите Брера Струмица против Сараево

 Во младинската Лига на шампионите Брера Струмица против Сараево

Младите фудбалери на Брера Струмица во Лигата на шампиони ќе дебитираат против младинскиот состав на ФК „Сараево“ од Босна и Херцеговина.

Ова е исходот од денешната ждрепка во Нион каде беа извлечени паровите од Младинската Лига на шампиони.

Македонскиот младински шампион, составот на АП Брера Струмица се падна во групата три каде за противници можеше да ги добие младинските шампиони на Казахстан, Молдавија, Ерменија, Беларусија, Грузија, но за противник го доби босанскиот младински шампион ФК „Сараево“.

Првиот натпревар младите струмичани ќе го играат дома на 18 септември, а реваншот е на 2 октомври во Босна. Доколку го помине првото коло во второто противник на Брера Струмица, како младински шампион на Македонија, ќе биде израелскиот состав на Макаби Петах.

Share via
Copy link