Костадинов се реакција на изјавата на Мицкоски Струмица да аплицира со проекти
Во Нова Маала приведен бегалец од затворот во Струмица
Вчера во 05:00 часот во село Нова Маала, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Џ.А.(24) од истото село. Тој бил осуден на затворска казна во траење од една години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори “ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Струмица.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на една година и три месеци од казната.